МЗТ подобар од Кожув за водство во финалната серија

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја забележа првата победа во пресметката за шампионската титула со Кожув од Гевгелија. 
 
Бранителот на титулата вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ славеше со 73:57. По четвртини: 16:22; 18:12; 23:11 и 16:12.
 
Гевгеличани имаа сила само за една четвртина да му пружат отпор на фаворизираниот противник.
 
Триото Ноа Далман со 18 поени, Дамјан Стојановски со 16 и Кејд Дејвис со 15 поени беа најзаслужните за победата на „аеродромци“
 
Во поразениот тим само Димитар Караџовски имаше двоцифрен број поени – 11.
 
За освојување на шампионскиот пехар се потребни четири победи, а следниот натпревар ќе се одигра во Гевгелија на теренот на Кожув.

најчитано сега