Фијат Цаноски на избори ќе оди сам

Партијата за европска иднина (ПЕИ) e подготвенa самостоjно да настапи на претстојните предвремени парламентарни избори, но остава можност за преговори со останатите политички субјекти во државата за евентуален заеднички настап на изборите доколку на тој начин бидат остварени програмските определби.

Ова е заклучокот од синоќешната седница на Централниот одбор на партијата. Конечната одлука за начинот на учество на претсојните парламентарни, како и ставот во врска со претседателските, партијата, како што наведува во денешното соопштение, ќе ги донесе на наредната седница на Централниот одбор.

ПЕИ во последниот пратенички мандат во Собранието на Република Македонија, дејствуваше како пратеничка група со тројца свои пратенции

10.03.2014 - 11:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега