ВИДЕО: Женски ракометен нокаут со глава

Жешката атмосфера на натпреварот во Подгорица го одбележа валканиот потег на црногорската ракометарка.

Будуќност во 5. коло од втората фаза во Лигата на шампионите го пречека унгарски Ѓер, а одличниот натпревар и надигрувањето на теренот останаа во сенка на потегот кој го направи Милена Кнежевиќ.

Црногорската репрезентативка очигледно нервозна поради тоа што истече времето за напад и нерешениот резултат со глава ја нокаутираше ракометарката на Ѓер, Анита Горбиц.

 

10.03.2014 - 21:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега