Македонија во јуни ќе ги измери силите со Шведска

Македонската фудбалска репрезентација на 3-ти јуни годинава во Малме ќе се сретне на пријателски меч со репрезентацијата на Шведска

До обострана согласност и потврда на договорот меѓи двете федерации дојде денеска. Мечот со Шведска, ќе биде трет на нашата репрезентација против селекција која се наоѓа на 21 место на светската ранг листа на ФИФА. 

Во квалификациите за СП 2002 година, Македонија двапати загуби. Во Гетеборг, со 0:1, во Скопје , 1:2.

Пресметката против Шведска ќе биде трет скандинавски тест годинава за Македонија. Во Скопје, “рисовите“ победија против Данска со 3:0. На 11-ти јуни 2013-година гостуваме во Осло против Норвешка.

најчитано сега