ВИДЕО: Слушнете ја новата песна на Ламбе

Новата песна на Ламбе „Кога те имам“ е дело на Лазар и Магдалена Цветковски и претставува трета песна од неговиот албум на кој веќе на големо се работи.

Неговата матична План Б Продукција најави снимање видео запис за истата веќе следната недела.

Ламбе работи и на подготовка и снимање на спотот за победничката песна од Скопски фестивал – Ќе те чекам јас.

“Презадоволен сум од “Кога те имам”. По победата на Скопскиот фестивал се појавив како специјален гостин на значајни концертни спектакли во државата и сам на себе си дадов одмор а и сакав да почекам за да излезе уште една соодветна песна за мене и мојот вкус.

Со мојата продукција веќе на големо работиме на подготовка на албумот.

Во меѓувреме се снимаат и видео приказните за победничката балада од Скопски Фестивал како и за оваа штотуку промовираната – “Кога те има” - вели Ламбе.

12.03.2014 - 20:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега