ФОТО: Возило се преврте на кров на патот Охрид-Кичево

Сообраќајна несреќа утрово се случила на магистралниот пат Охрид-Кичево кај Свети Еразмо. Според информациите на Телеграф.мк, едно возило стои превртено на патото откако излетало од коловозната лента најверојатно поради тоа што возачот изгубил контрола додека зборувал на мобилен телефон.

Во несреќата учествувало возило марка Голф во кое имало само едно лице. За среќа, возачот не е повреден. 

Полицијата врши увид на местото на настанот, а возилата кои патуваат во Охрид се пропуштаат со мало чекање.

13.03.2014 - 10:38
Фото: 
телеграф.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега