Торбата ја наполнил со 12 килограми марихуана - Македонец уапсен во Хрватска

Македонец е уапсен во Хрватска откако полицијата во неговиот автомобил пронајде и заплени 12 килограми марихуана. 

Се работи за 22-годишен Македонец кој освен што пренесувал дрога, илегално превезувал и двајца сонародници. Според податоците од хрватската полиција, дрогата била пронајдена во автомобил со словенечка регистрација, кој синоќа бил запрен на автопатот Загреб-Липковац, на полноќ. Македонецот марихуаната ја сокрил во три патни торби.

Тројцата македонски државјани се приведени и со кривични пријави се предадени на Вуковарско-сремската полициска управа.

 

13.03.2014 - 11:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега