Македонската репрезентација скокна за едно место на ФИФА листата

Нашата најдобра фудбалска репрезентација успеа да се подобри за едно место на ФИФА ранг листата. Сега за месец март се наоѓаме на 82-то место со 421 бод. Ваквиот скок од едно место се должи на победата против Летонија од 2:1/ Бошко Ѓуровски и неговите фудбалери ги очекуваат уште три пријателски меча во мај. Едната е веќе закажана и ќе се игра во австрискиот град Куфштајн против Камерун. 

Македонската фудбалска репрезентација повторно забележа скок од едно место на ФИФА листата објавена денеска.

Што се однесува до врвот на најновата листа на ФИФА, на првото место е Шпанија, следува Германија, третата позиција и припаѓа на Аргентина, а на четвртото и петото место се наоѓаат Португалија и Колумбија. Првата десетка ја заокружуваат Уругвај, Швајцарија, Италија, Бразил и Белгија.

13.03.2014 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега