Палеле стрниште - ја запалиле и охридската касарна

Пожар избил во просториите на охридската касарна. Како што јавува Охриднет, вчера напладне две лица палеле стрниште близу охрисдката касарна, а пламените јазици зафатиле и објект од касарната.

- Пожарот беше пријавен кај нас вчера напладне. Беше пријавено дека гори тревна површина околу касарната. Веднаш излеговме на самото место со осум пожарникари и тука затековме две лица што палеа стрништа и капини кои ќе одговараат за случајот, вели Горан Маркоски заменик командир на Противпожарна единица во Охрид, пренесе Охриднет.

Од противпожарната единица упатија апел граѓаните да не преземаат вакви мерки за палење и за  чистење на нивите. Казните за ваквите дела се од три до пет илјади евра.

13.03.2014 - 12:35
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа