Маичка за сите оние кои ќе набават влезници од ракометарките на ЖРК Вардар

Ракометарките Радичевиќ, Пино и Хмирова во пресрет на мечот на ЖРК Вардар во Фајнл 4-от во Будимпешта, во петок за две купени влезници ќе подаруваат маички со логото на ЖРК Вардар СЦБТ. Фановите ќе имаат можност да се дружат со омилените ракометарки во продажното место на Југотон во ГТЦ од 12 часот. 

За сите оние кои што ќе набават две влезници од овие ракметарки во периодот од 12 до 13 часот за мечот во недела против Савехоф ќе добие на подарок маичка со логото на ЖРК Вардар СЦБТ.

За време на ова дружење сите фанови ќе можат да се фотографираат со своите идоли, како и да добијат автограми.

13.03.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега