ВИДЕО: Еве како се богатела семејна криминална група од Куманово

Голема полициска акција вчера го стресе Куманово. Како што веќе објави Пресс24, се работи за цело семејство кое се занимавало со различни кривични дела меѓу кои перење пари, лихва, трговија со дрога...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против  43-годишниот Ф.А. 24-годишниот Р.А. 23-годишниот А.А. 42-годишниот Љ.А. 21-годишниот Н.А. 44-годишниот Х.А. 39-годишниот А.А. 20-годишниот Б.А. 46-годишниот Н.А.23-годишниот В.А.22-годишниот Б.А. 35-годишниот С.А. и 32-годишниот Е.А. од Куманово во рамки на операцијата „Калабрија“. Како што информираат од полицијата, се работи за организирана семејна криминална група која  е предводена од 43-годишниот Ф.А. од Куманово. Лицата се товарат дека во периодот од 2004 до 2014 година, се стекнале со голема материјална и имотна корист вршејќи кривични дела од областа на насилниот криминал-изнуди и лихварство, како и преку недозволена трговија со дрога од Македонија во Швајцарија и пуштање во оптек на нелегално стекнатите парични средства преку сопствени сметки и сметки на правните лица во нивно владение.

Со тоа членовите на оваа група се сомничат дека ги сториле кривичните дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство, недозволена трговија со дрога и пуштање  во промет психотропни сусптанции и прекурзори и перење пари и други приноси од казниво дело. Изминативе две години, операцијата се реализираше и со примена на посебни истражи  мерки заради обезбедување на докази при што кривично пријавени се 13 физички лица: Ф.А. (43) Р.А. (24), А.А. (23), Љ.А. (42) Н.А. (21), Х.А. (44), А.А. (39), Б.А. (20), Н.А. (46), В.А. (23) Б.А. (22), С.А. (35) и Е.А. (32) како и против неколку правни лица.

До Основно Јавно Обвинителстсво за гоненење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против првоосомничениот и неговите четири брата, против две сопруги кои биле вклучени во криминалната група и против шест синови кои исто така биле дел од злосторничкото здружение.

Поднесени се пријави и против правните лица ДПТУ Калабрија Ферат ДООЕЛ Куманово, Калабрија Кафе пицерија Куманово, Калабрија Хотел Куманово, ДПТУ Петрол Калабрија Куманово, ДТПУ Аризона Компани ДООЕЛ Куманово, Млечен ресторант Куманово, ДТПУ Хотел Рома ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, Петрол Рома Куманово, Рома еден Куманово, Рома два Куманово, сите од Куманово за сторено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст.7 од КЗ на РМ.

Според досега документираните сознанија сите членови на семејството биле задолжени за различни криминални активности со цел стекнување на противправна имотна корист вршејќи кривични дела недозволена трговија со дрога, лихварство и изнуди и така стенатите парични средства ги пуштале  во легален платен промет користејќи ги сопствените фирми, банкарски сметки, услуги за брз трансфер на пари. Дел од вака стекнатите средства ги користеле и за стекнување на недвижен имот во Република Косово.

Од досега преземените мерки утврдено е дека криминалната група го поседува комплекс-Калабрија, лоциран во с.Романовце, Куманово составен од семејна куќа, печатница, пекара и базен (1.405 м2), повеќе стамбени и деловни простории во вкупна површина од 2.553 м2, пет куќи, земјиште во државна и приватна сопственост во вкупна површина од 49.890 м2.

Овој имот истите го стекнале така што повеќе сопственици на правни лица за градежен материјал, електро материјали и слично ги доведувале во должничко-доверителски односи вршејќи набавка на материјали за градба без да ги платат сумите за извршените градежни работи. На тој начин правните лица ги доведувале во неликвидна состојба и потоа им нуделе парични средства на заем за да продолжат со извршување на дејноста одредувајќи им високи каматни стапки, а со закани и уцени преку другите членови на семејството изнудувале склучување на фиктивни договори заверувани кај адвокати и нотари. Освен тоа што доведувале правни лица во неликвидна состојба, истите со употреба на сериозни закани во подолг временски период изнудувале парични средства и од повеќе физички лица уценувајќи ги да потпишуваат фиктивни-лажни договори за купопродажба на недвижен имот.

Исто така со цел остварување противправна имотна корист, од почетокот на формирањето на злосторничкото здружение, организирале и создале мрежа од соизвршители и помагатели која се занимава со транспорт, препродавање и пуштање во промет на наркотична дрога хероин во Швајцарија, а парачните средства стекнати од продажба на истата ги трансферирале користејќи ги услугите на Агенциите за брз трансфер на пари.

За период од 2004 до 2014 година, членовите на оваа криминална група во легалниот банкарски ситем на Р.Македонија преку нивите банкарски сметки како физички лица, како и на жиро сметките на правните лица со приливи и одливи на денарски и девизни сметки, пуштиле во оптек приближно 4.000.000 евра, претварајќи ги криминално стекнатите парични средства во недвижна и движна сопстевност, а со цел да ги прикријат криминалните приходи и локации на купениот движен и недвижен имот.

Во текот на вчерашниот ден во операцијата „Калабрија“ во која учествуваа над 350 полициски службеници, на подрачјето на Куманово од слобода беа лишени 13 лица, а претреси се извршени во вкупно 26 објекти-стамбени и деловни простории, сопственост на истите. Освен тоа, претреси се извршени и кај пет нотари и две книговодствени бироа за кои постојат индиции дека преку нив се заведувале купопродажните договори и се водело сметководството на правни лица во владение на криминалната група.

Од извршените претреси кај сите лица, до сега пронајдени се парични средства во износ од околу 30.000 евра, нотеси за лихварска евиденција, купопродажни договори за движен и недвижен имот, нотарски акти, возила, компјутери, оружје, муниција, телефони и др.

 

13.03.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега