Зошто Љубчо Георгиевски ќе гласа за Пендаровски?

Едниот за договор далеку oд очите на јавноста, другиот со серија јавни изјави дека Македонија треба да го смени Уставното име. Во јавноста се отвора дилема, што ги поврзува лидерот на ВМРО Народна, Љубчо Георгиевски и кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски. Откако Георгиевски барем за пред медиумите му кажа збогум на опозициското јато, денеска екс премиерот јавно му ја даде поддршката на кандидатот од Бихаќка.

Георгиевски е еден од политчарите кои немаaт проблем јавно да лицитираат со името на Македонија. Во неколку наврати тој нудеше како што велеше, прифатливи предлози за името  а своевремено црташе и карти за поделба на Македонија и размена на територии. 
Пендаровски пак, како политчар кој без проблем ја прифаќа матрицата на СДСМ, во интервју за Press24 рече дека на Македонија и е потребно, клучните прашања, пред се оние поврзани со спорот за името да се решаваат зад затворени врати

„Mислам дека е дојден часот кога релевантните политички субјекти треба да седнат далеку од очите на јавноста и да се договорат за две работи: дали нашите стратешки цели утврдени во 1990-тите остануваат истите или не, и ако одговорот е позитивен, тогаш каков компромис треба да направиме за да се интегрираме, но, при тоа, да го сочуваме народот затоа што тоа е апсолутен приоритет број еден“ - рече Пендаровски во интервјуто за Пресс24

 Овој принцип на скриена политика СДСМ и порана го употребувал и затоа 15 години од нашата одлука за промена на Уставното име па до пред неколку години ние не ни знаевме што се случува по ова прашање.
Оттука, со право се поставува дилемата, дали Георгиевски во Пендаровски препозна човек кој може по веќе видените методи на СДСМ да се залага за решение на спорот за името. 

13.03.2014 - 23:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега