Трагедија: Загина голманот Петар Милошевски - повреден претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски

Директорот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово - Скопје. Во несреќата се повредени претседателот на Фудбалската федерација Илчо Ѓорѓиевски и уште двајца вработени во ФФМ.

Тие се враќале од Куманово каде се играл хуманитарен натпревар.

Според првичните информации, несреќата се случила на влезот во Скопје.

Милошевски беше и поранешен голман на македонската репрезентација и на неколку странски клубови како Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор, Енозис, а бранеше во Пелистер и во Вардар

14.03.2014 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега