За што најчето има поплаки од потрошувачите во Македонија?

Несоодветно истакната цена, немање декларација или гаранција, заведување со реклами, неиздавање фискални, условувања - со еден производ да се купи друг, измами со наводни сезонски намалувања, се само некои од поплаките на македонските потрошувачи. Ова беше истакнато денеска во Стопанската комора на состанокот по повод Светскиот ден на потрошувачите - 15 Март.

По пријава на купувачи лани се уништени 10.483 килограми небезбедна храна. Бројот на претставките е завиден, а најбројни се забелешките за немањето добра хигиенска и производна пракса, како и ХАЦЦП. Граѓаните најмногу реагирале на услугите во мобилната и фиксната телефонија, наспроти делот храна и право на пациенти.  

- Најчесто поплаките се решаваат во полза на потрошувачите, дефектот е бесплатно е отстранет, производот е заменет со соодветен од иста трговска марка или договорот е раскинат и платениот износ е вратен. Постојат и случаи, иако мал број, кога потрошувачот нема законска основа да ги оствари своите права. Тогаш помага само добрата волја на трговецот, истакна Елена Томовска од Пазарниот инспекторат.

Минатата година инспекторатот извршил 2.734 редовни, 524 контролни и 944 вонредни надзори. Добиени се 944 претставки од потрошувачи и по нив е постапено. За утврдени неправилности се поднесени 34 барања до основните судови и 64 до прекршочната комисија, додека во управна постапка се донесени 53 решенија.

Минатата година голем број компании - членки на стопанските комори на доброволна основа потпишале кодекси за добро пазарно однесување чија цел е да се влијае на фер конкуренцијата и да се заштитат потрошувачите.

- Од етичките кодекси бенефит имаат и трговците бидејќи на тој начин се зголемува довербата кај потрошувачите, дека производот или услугата подлежат на редовни контроли, рече Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија.

На состанокот беше поздравен фактот дека сите засегнати страни веќе седат на заедничка маса ги изнесуваат и разгледуваат проблемите, што не беше случај пред пет до шест години кога „воделе секој своја политика“.

 

14.03.2014 - 13:21
Фото: 
Факултети.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега