Шведски Свехов пречка за ЖРК Вардар за полуфинале во ЛШ

Во недела женскиот ракометен тим Вардар СЦБТ ќе ги измери силите со шведскиот првак Савехоф во рамки на шестото коло од групата 1 од Лигата на шампиони. 

Швеѓаните се последни во групата без никакви шанси за полуфинале, за разлика од Вардарки кој се наоѓаат пред големо искушение. 

Ова ќе биде меч кој мора да се победи и со тоа да се избори пласман во полуфиналето, односно на завршниот турнир во Будимпешта.

На денешната прес-конференција тренерот на Вардар СЦБТ, Индира Кастратовиќ изјави дека  играчите се свесни за значењето на овој натпревар.

- Знаеме дека со победа ќе ја постигнеме целта. Очекувам добар натпревар и воедно добар резултат. Исто така, се надевам на полна сала и на влез на завршниот турнир, рече Кастратовиќ.

Левото крило на „црвено-црните“ Французинката Сираба Дембеле игра во добра форма.

- Ова за нас ќе биде последен натпревар на домашен терен. Убаво ќе биде со победа пред полна сала да заминеме на завршниот турнир. Ова е важен натпревар за која работиме целата година. Очекувам два бода и наш пласман на „фајнл фор“, изјави Дембеле.

Натпреварот ЖРК Вардар СЦБТ – Савехоф се игра во недела со почеток во 18 часот, а од 16 часот играат Митјиланд – Турингер.

Во групата 1 на првата позиција е Турингер со 7 бодови, пред ЖРК Вардар СЦБТ 6, Митјиланд има 5, а Савехоф 2.

14.03.2014 - 13:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега