Антиќ ги реши Милвоки

Тимот на нашиот најдобар македонски кошаркар Перо Антиќ, Атланта, ноќеска оствари уште еден триумф овој пат над Милвоки, славејќи со 102:97.

Антиќ во текот на мечот на паркетот се најде нешто повеќе од 25 минути при што успеа да реализира 8 поени и 7 скока. 

Во неговиот тим најефикасен беше Џеф Тиг со 22 поени. 

На победи утрово се радуваа и Оклахома над Лос Анџелес Лејкерс со убедливи 131:102 и Чикаго над хјусотн со 111:87 за заокружување на ноќта на домаќините во најсилноо кошаркарско натпреварување во светот. 

14.03.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега