Експлозија во таверна во Грција - повредени 14 лица

 

Во експлозија во таверна на грчкиот остров Саламина, во Егејско море, ранети се 14 лица, соопшти грчкиот весник „Њуз ин“.

Експлозијата се случила синоќа непосредно пред 10 часот.

Се уште се утврдуваат причините за ескплозијата. Во моментот на инцидентот простроријата било затворена.

Силата на експлозијата била толку голема што ѕидовите на две ненаселени згради во непосредна близина се урнале.

Сите повредени лица се пренесени во болница.