Македонија е земја со четврт најголем раст во Европа во 2013

Македонија е земја со четврт најголем раст во 2013 година во Европа и четврта најниско задолжена земја што е одличен резултат.

Oво го истакна македонскиот премиер Никола Груевски во вчерашното интервју за телевизија Сител.

Кризата во Европа, додаде тој, влијаеше не само на земјите во ЕУ, туку и на земјите кои се надвор од неа, а се нејзини партнери.

- Најтешка година беше 2009-та, но не застанавме туку продолживме со нашите проекти и капитални инвестиции кои придонесоа во извлекувањето од кризата. Имавме добра комуникација со бизнис заедницата, истакна Груевски.

Најсериозен раст има во градежништвото, а самиот сектор, рече премиерот, со себе влече 26 други гранки и отвора вработувања. Минатата година забележан е и сериозен раст на туризмот, а за 6,1 процент е забележан и раст на извозот.

16.03.2014 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега