ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе даде отчет за сработеното

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска напладне ќе извршат промоција на отчетот, кој, како што рече премиерот Никола Груевски е готов и завршен. Отчетот ќе биде дистрибуиран во голем број на примероци.

- Партијата излегува со програма, во кој е напишано, ако ја добиеш довербата што ќе сработиш и како ќе го сработиш тоа. Откако граѓаните ќе ја дадат довербата, етички и човечно е кога ќе ти заврши мандатот, да излезеш да кажеш што од тоа е сработено, што не е и зошто не е, истакна Груевски во вчерашното интервју за телевизија Сител.

Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е првата партија која настапува на ваков начин. 

- Не може да се дејствува без програма. Сработеното ќе биде објавено на многу веб страни, ќе може секој да види, да прочита, да провери дали сме ја кажале вистината и потоа тоа да му влијае на следното гласање, истакна Груевски.

16.03.2014 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега