Антиќ гази ли гази - нов триумф на Атланта четврти по ред

Тимот за која настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ се наоѓа во серија од четири победи по ред. Атланта ноќеска на гостински терен го победи Шарлот со 97:83. Антиќ повторно имаше значаен придонес во успехот на неговиот тим. Забележа „дабл-дабл“ ефект, 11 поени и 10 скокови за 28 минути поминати на теренот.

За Атланта ова воедно беше 11.та победа по ред против Шарлот, серија која започна на 11 април 2011 година. Сезонава скорот во меѓусебните дуели е 3:0 за „јастребите“.

Резултати на другите НБА натпревари одиграни ноќеска: Индијана - Филаделфија 99:90, Бруклин - Феникс 108:95, Чикаго - Оклахома Сити 85:97, Хјустон - Јута 124:86, Далас - Бостон 94:89 и Денвер - ЛА Клиперс 110:100.

Вечерва играат: Кливленд - Мајами, Атланта - Торонто, Портланд - Милвоки, Сакраменто - Вашингтон и Голден Стејт - Орландо.

Пласман Источна конференција: Индијана 50-17 (победи-порази), Мајами 45-19, Торонто 37-28, Чикаго 37-30, Вашингтон 35-31, Бруклин 34-31, Шарлот 33-35, Атланта 30-35,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 50-16, Оклахома Сити 49-18, ЛА Клиперс 48-21, Хјустон 45-22, Портланд 43-24, Голден Стејт 42-26, Далас 41-27, Мемфис 39-27

18.03.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега