ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Скопјани уапсени на Богородица

Двајца скопјани од Дижонска утрово се уапсени на граничниот премин Богородица, дознава Пресс24. Двете лица во својот автомобил марка Мерцедес превезувале поголемо количество хероин. Според првичните информации тие поседувале околу 20 пакувања со дрога која ја набавиле во Турција а преку Грција сакале да ја пренесат во земјава.

По распитот се очекува судија на претходна постапка да одлучи дали ќе определи мерка притвор.

18.03.2014 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега