Жешко во СДСМ: На пратеничките листи нема место за актуелните пратеници

Најголем дел од актуелните пратеници на СДСМ не се меѓу омилените канидати на листите кои општинските одбори на партијата и ги доставиле на централата на Бихаќка пишува Дневник. Со исклучок на блиските соработници на Заев меѓу пратениците, на листите на СДСМ можно е да не се најде ниту еден од актуелните пратеници на опозицијата. Дали Заев прави чистка или пак членството е решено да ги смени оние кои не им ги испорачале посакуваните резултати, останува да се види до 29 март кога е последниот рок во кој партиите треба да ДИК да му ги достават листите со кандидати за пратеници за парламентарните избори.

 „Во разграноците во градовите имало од 30 до 40 предлози за кандидати за пратеници, што е речиси идентично со минатите избори. Сите предложени имиња ќе бидат испратени до централата, велат од СДСМ, но, како што брифираат од партијата, интересно е што, за разлика од изборите во 2011 година, овој пат има голем интерес и од лица чии имиња се сосема непознати за јавноста. Иако меѓу предлозите има и пратеници во заминување, акцентот е ставен на анонимни партиски членови. Членството на СДСМ, како што велат наши извори, во собраниските клупи сака да види и дел од актуелните високи членови на СДСМ, односно најблиските соработници на Зоран Заев за кои се зборува дека сепак ќе се држат настрана од пратеничките места. “ - пишува Дневник

 

Извори од СДСМ за Press24 брифираат дека постарата пратеничка гарнитура била подготвена за ваков развој на настаните и дека се очекува во периодот до 29 март на Бихаќка да се вжешти ситуацијата. Според информациите, од блиските луѓе на Црвенковски пратеничко столче може да добие само Игор Ивановски, додека висат позициите на Емилијан Станковиќ, Горан Минчев и Јани Макрадули, додека за Савова, Петров, Данева и Георгиев повеќе од извесно е дека нема да има место во новото Собрание. Неофицијалните информации говорат дека значителен рез ќе има и за местата за коалиционите партнери. Тито Петковски нема да може да смета на 4 добитни места на листите бидејќи половина ќе одат за либерал демократите на Жерновски. Од игра најверојатно ќе испаднат и Бишевац и Николовска, а високо на листата нема да биде позициониран ниту Ивон Величковски од ЛП.

18.03.2014 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега