Пешевски: „Дрекслмајер“ - голем чекор за намалување на невработеноста и отворање нови работни места

Вицепремиерот Владимир Пешевски денеска по посетата на компанијата во индустриската зина Телот, изјави дека "Дрекслмајер“ јасно покажува дека политиките на Владата се правилно насочени кон подигнување на животниот стандард на граѓаните

- „Дрекслмајер“ е еден од проектите со кој се гордееме. Преку 50 милиони евра изнесува вкупната инвестиција од која дел е на локални добавувачи кои ја изградија фабриката. Моментно вработува околу 4.000 лица, а се очекува таа бројка да оди до 4.500 и повеќе. Тоа претставува голем черкор за намалување на невработеноста и отворање нови работни места, рече Пешевски. 

Покрај кавадарчани, во  „Дрекслмајер“ има и 800 вработени од Велес, но и од Градско, Неготино, Валандово. Следната недела треба да дојдат и првите 200 вработени од Прилеп. Тоа, како што нагласи вицепремиерот, е од регионално значење и доказ за рамномерен регионален развој. Соработката со компанијата и нејзините добавувачи исто така носи нови работни места.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски информира дека во директна соработка со „Дрекслмајер“ се бара најсоодветниот и најподготвен кадар.

- Задоволен сум од она што го видов овде, од начинот на кој се работи, од вработените меѓу кои има и машки и женски. Имаме огромна поддршка од надлежните кои ни овозможуваат да работиме откако претходно ни овозможија да инвестираме во Македонија. Се надеваме дека волку добро ќе биде и во иднина, изјави  Карл Валнер, член на одборот на директори на групацијата „Дрекслмајер“.

Инаку, „Дрекслмајер“ е германска компанија од автомобилската индустрија која вработува околу 40.000 вработени во повеќе од 21 земја во светот. Има 56 капацитети ширум светот, а во Кавадарци произведува кабелски инсталации за новата серија „мерцедес Ц класа“. Компанијата во Македонија е добитник на титулата „Најдобар производствен капацитет“ во изданието на ФДИ Топ-проекти 2012 во конкуренција на над 16.000 грин-филд проекти од различни сектори низ светот. Нејзиното присуство, како и на „Кромберг и Шуберт“ во земјава успеа да ја привлече и туниската компанија „Коикаб“ која е директен доставувач на овие компании, да инвестира 10 милиони евра и во текот на 2014 година да изгради капацитети за екструзија на кабли веднаш до фабриката на „Дрекслмајер“.

18.03.2014 - 14:17
Фото: 
вмро-дпмне.орг

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега