Балотели во секс скандал со девојката на Тајдер

Играчот на Милан, Марио Балотели, е една од главните теми на италијанските таблоиди, откако плејбој зајачицата Вероника Граф откри дека со него го изневерила играчот на Интер, Сафир Тајдер.

Граф која е дел од италијанскиот Big Brother откри детали за секс скандалот со Балотели, изјавувајќи дека имала секс со Марио и неговиот помал брат Енох, една недела пред да стане дел од шоуто, пренесува Bleacher Report.

Ако тврдењето на Граф се покаже како точно, тоа воедно би значело дека Марио ја изневерил својата девојка Фани Негеша со која е во врска веќе подолго време.

18.03.2014 - 21:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега