Пукање во Тетово- повредено едно лице

Едно лице е повредено во синоќешното пукање во тетово кога од автомобил биле нападнати двајца браќа.

Околу 21:20 на улицата Видео Смилевски Бато се случила вистинска драма. Двајца браќа, 44-годишниот Т.Р. и Х.Р. кои управувале со автомобил ауди со тетовски регистарски таблички биле пресретнати од друго ауди со скопски таблици од кое излегле неколку непознати лица. Кога еден од браќата излегол од автомобилот, еден од напаѓачите извадил пиштол и пукал кон него. Еден од куршумите се одбил од асфалтната површина и го повредил Т.Р. во пределот на десната потколеница. По инцидентот насилниците избегале во непознат правец, а повредениот бил однесен во медицинскиот центар во Тетово. Констатирана му е телесна повредна, но е сериозно.

Тетовска полиција извршила увид на местото на инцидентот и работи на расчистување на случајот.

19.03.2014 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа