ДПА: ДУИ не отвори ниту едно работно место за Албанците

ДПА ги обвини ДУИ за корупциско работење. Од партијата приложуваат документи со кои откриваат корупциско работење  во министерството за економија предводено од министер на ДУИ. Од опозициската партија на албанците  велат, 10 години ДУИ како раководи со министерството а нема направено ниту една  инвестиција ниту отвориле работно место  во населените места со албанци. ДПА обвинува дека ДУИ крајно ги оштетиле бизнисите на претприемачите албанци.

„Документите покажуваат еклататно ниво на корупција во ресорот на економија предводен од кадарот на ДУИ, Ваљон Сараќини. Овој запис покажува како на еден претпиремач му се бараат големи суми на пари за да неговата компанија добие една од многуте концесии што се делат од министерството“ - изјави Орхан Ибраими од ДПА

Од ДПА велат ова е само еден од многуте  случаи на корупција и кражба што преставува единствен успех на ДУИ во владата. Не загрижува тоа што ДУИ се корумпирани и инудуваат велат од ДПА, ги загрижува тоа што преку овие  кражби ги продале националните интереси, обвинија од партијата.

20.03.2014 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега