Крадец од Прилеп украл златен накит во вредност од 300.000 денари

Вчера во период од 20 часот до 23 часот и 20 минути на улицата Самоилова во Прилеп била извршена тешка кражба во куќа.

Се работи за куќата на 28-годишниот  Б.Ѓ. каде непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба и од сеф одзел кутија во која имало златен накит во вкупна вредност од 300.000 денари.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

најчитано сега