ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов овозможил 13 јавни набавки на фирмата спонзор на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови седум решенија, со што бројот на решенија со кои Петре Шилегов и овозможил бизниси на фирмата спонзор на СДСМ се искачува на вкупно 13 јавни набавки.

- Бидејќи Шилегов не одговори,  а вчера ние објавивме шест решенија со кои за најповолен понудувач е избрана фирмата ДР Пановски - денес објавуваме нови седум, што вкупната бројка на решенија со кој Шилегов и овозможил бизниси на фирмата спознор на СДСМ се искачува на вкупно 13 јавни набавки, рече на денешната прес-конференција Сашо Трепески од ВМРО-ДПМНЕ.

- Благодарение на потписите на Шилегов, огромни суми на пари завршуваат на фирмите блиски до СДСМ. Сите документи кои ги објавивме говорат дека станува збор за организиран систем на доделување на тендери на фирми блиски до СДСМ, а зад сите нив стои потписот на Петре Шилегов, рече Трепески. 

22.03.2014 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега