Драма во СДСМ пред денешниот Конгрес

Вистинска драма се случува во СДСМ пред денешниот Конгрес на кој партијата треба да ги официјализира пратеничките листи, дознава Press24 од високи партиски извори на Бихаќка. Според нашите информации, на денешниот Извршен одбор кој беше закажан во 10 часот, не се појавиле 75% од членовите. Тие се незадоволни од изборот на Заев и Шеќеринска околу кадрите кои треба да се појават на пратеничките листи. Меѓу членовите на СДСМ, се коментира дека на СДСМ многу лесно може да и се повтори судбината која ја имаше Демоктарската партија на Србија кога на предизборниот Конгрес, поранешниот претседател на партијата, Борис Тадиќ најави дека ќе формира нова партија, која подоцна на изборите освои и повеќе гласови од Демократската партија.
СДСМ по извршниот одбор треба да одржи и Централен одбор на партијата чиј старт е закажан за во 12 часот. Конгресот треба да се одржи во 14 часот. 

23.03.2014 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега