СДСМ се демантираат самите себе си

Овој пат за само 24 часа СДСМ испрати две различни соопштенија до јавноста околу усвојувањето на предлог листите за пратеници на Конгресот кој се одржа во текот на вчерашниот ден.

Вчера, СДСМ во првото соопштение ја информираа јавноста дека лиситите на пратеници за предходните парламентарни избори биле усвоени со ОГРОМНО МНОЗИНСТВО.

Денес, соопштението на СДСМ вели друго. Во својата писмена реакција СДСМ велат дека присутните членови на Централиот одбор на СДСМ, дале ЕДНОГЛАСНА поддршка на кандидатските листи за пратеници.

СДСМ е фатена како во 24 часа сака да ја менува реалноста.

Очигледно, ова е резултат на желбата на СДСМ да се претстави пред граѓаните како партија во која нема никкави проблеми што по се изгледа е далеку од вистината. Додека траеше Конгресот во медиумите излегуваа најразлични информации дека Конгресот се одвивал во тензична атмосфера за тоа кој да се најде на листите за пратеници на СДСМ

24.03.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега