Двајца скопјани завршија зад решетки - еве зошто

Двајца скопјани по кои полицијата трагала долго време конечно завршија зад решетки. 

Во првиот случај, се работи за 36-годишниот Сашо Н. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од четири години, за сторени кривични дела фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови и повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.

Истиот е спроведен во Затвор –Идризово.

Во вториот случај се работи за 43-годишниот скопјанец Сашо С. кој се барал за издржување затворска казна во траење од три години и три месеци, за сторено кривично дело  неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори .  

Истиот е спроведен во Затвор –Скопје.

27.03.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега