Полицаец од Велес испукал куршум од невнимание

Полициски службеник од СВР Велес додека го чистел својот службен пиштол, од невнимание испукал еден куршум низ прозорецот од неговата канцеларија, кој завршил во просториите на соседната зграда.

Настанот се случил вчера во 10 часот и 10 минути. 

За настанот бил известен Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР и Јавното обвинителство во Велес, пренесе МИА.

27.03.2014 - 14:59
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега