Си го загорчил животот за еден „Самсунг“ - МВР гони непослушен вработен во Т-Мобиле

27 годишниот тетовчанец А.И. си заработи кривична пријава, откако ја злоупотребил својата позиција - референт во „Т-Мобиле“ за да ќари телефон „Самсунг“.

Според информациите од МВР, тетовчанецот во 2011 година изготвил анекс договор за нов претплатнички број, на име на лице кое не дало согласност.  А.И. си ќарил телефон „Самсунг“, вреден 24.000 денари, на штета лицето чии податоци ги искористил. 

 

28.03.2014 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега