Ни мртвите немаат мир - осквернавен гроб во гостиварско стар два века

Жител на гостиварското село Симница вчера пријавил во полиција дека засега непознати вандали раскопале гроб на селските гробишта во селото стар два века.

Раскопувањето најверојатно се случило во периодот од 23-28 овој месец, а засега нема информации чиј бил гробот, бидејќи натписната плоча била испашана на старо-арапско писмо. Гробот бил раскопан, па земјата била вратена на место.

Ова е прв случај на сквернавење, годинава. Во текот на минатата година во гостиварско беа регистрирани четири случаи на сквернавење гробови.

Засега не се познати причините за вандалскиот чин.

29.03.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега