Ќе го паметат доаѓањето во Македонија - ограбени тројца Авганистанци

Во полициската станица во Куманово било пријавено дека вчера биле ограбени тројца Авганистанци.

Случајот во полиција го пријавил 55-годишниот Ч.Ц. вработен како чувар на спортскиот аеродром „Аџитепе“, кој на полицијата ираскажал дека 4-5 насилници, најверојатно од ромска националност, ограбиле три лица од Авганистан на возраст од 17 до20 години.

Насилниците физички ги нападнале лицата и им одзеле 130 евра.

29.03.2014 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега