Го искршил инвентарот па му ставил нож под грло - крвава расправија во Скопје

Крвава расправија во Скопје. Според податоците на полицијата, на улицата Димо Хаџи Димов број 56 дошло до расправија помеѓу 32-годишниот П.Ј. 34-годишниот Т.З. и 20-годишниот Т.М. од Кратово од една страна и 25-годишниот Н.С. од Градиште Кумановско од друга страна. 

Бесниот кумановчанец започнал да го крши инвентарот и мебелот во куќата каде што живееле како потстанари и му ставил нож на вратот на Т.М. заканувајќи му се дека ќе го убие доколку за неговото однесување кажел на нивниот работодавец.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

29.03.2014 - 13:17
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега