Кавадарци: Се разгневил и претепал двајца полицајци

На раскрсниците од улиците „М.Х.Јасмин“ и „Илинденска“ во Кавадарци, синоќа околу 19 часот и 30 минути, додека полициски службеник го регулирал сообраќајот, 25-годишниот В.К. од кавадарци одбил дапостапи по наредбите на полицаецот, при што започнал да се заканува, а потоа толку се разбеснил што излегол од возилото и ги нападнал полицајците.

Поради хаосот кој го предизвикал, полицијата го привела момчето, но при приведувањето успеал да се оттурне од службеното возило и физички го нападнал едниот полицаец, а кога вториот полицаец кој бил во возилото излегол за да му помогне на колегата, гневникжот кавадарчанец го нападнал и него, удирајќи го со нога во пределот на левата надколеница.

29.03.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега