Машиновозач заврши на Ургентен - каменуван воз во Скопје

Пред влезот на Железничката станица Скопје-Север, засега непознати лица го каменувале товарниот воз со број 44983, кој сообраќај на релација Волково-Трубарево,  управуван од страна на машиновозачот Д.Р.

Според податоците од полицијата, при каменувањто било скршено стакло од вратата на кабината на локомотивата, а помошникот машиновозач, 44-годишниот Т.С. бил повреден по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Се превземаат мерки да се пронајдат лицата.

 

 

29.03.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега