Хорор во Гостивар: Куче нападнало шестгодишно детенце

Хорор го потресе Гостивар. Шестгодишно детенце од гостиварското село Топлица завршило во болница откако било нападнато од куче бездомник.

Како што јавува Кисс, несреќниот настан се случил вчера попладне, откако кучето без причина се нафрлило врз детенцето додека тоа се возело на велосипед.  Го соборило на земја и го каснало на левиот колк, а детенцето завршило и со повреди и модринки на лицето. 

Детенцето веднаш било однесено во болница каде му била пружена лекарска помош, а потоа било пуштено на домашно лекување.

Случајот во полиција го пријавил таткото на детето.

29.03.2014 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега