Двајца на Ургентен - детали за сообраќајката во скопско Маџари

Две лица на возраст од 23 и 24 години се префрлени на Ургентниот центар по тешката сообраќајка која попладнево се случила на улицата Благоја Стефковски во скопско Маџари. Како што информира полицијата во сообраќајката учествувале два моторцикли управувани од двете повредени лица, автомобил марка Мерцедес и камион кој бил паркиран на улицата.
Едно од момчињата има тешки телесни повреди, одека другото е полесно повредено. 

29.03.2014 - 21:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега