Дисциплински мерки против 24 вработени во МВР

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се решенија против 24 вработени во Министерството за вантрешни работи поради сторени повреди во работењето.

Како што соопшти МВР, притоа, на 20 вработени им е изречена мерка „парична казна“, на двајца вработени мерка „писмено предупредување“, а на двајца вработени мерка „запирање на постапката”. 

В.В. полицаец за превенција„ во ПС ОН Крива Паланка, изречена му е мерка– “парична казна“ (не изготвил службена белешка за известување примено од граѓани);

С.С. дежурен во ПС ОН Крива Паланкаизречена му е мерка– “парична казна“ (не изготвил службена белешка за известување примено од граѓани);

З.С. виш инспектор за општ криминалитет во Надворешна канцеларија за криминалистички работи Неготино, изречена му е мерка– “парична казна“ (не презел мерки за организирано и контролирано влегување на навивачка група);

М.П. полицаец во ПК- Ранковце, ПСОН-Крива Паланкаизречена му е мерка– “парична казна“  (вршел патролна служба со приватно возило и го напуштил позорниот терен);

В.З. полицаец за БПС во ПО за БПС Струга изречена му е мерка– “парична казна“  (употребил и бил под дејство на алкохол за време на работа);

Б.Ѓ. полицаец во увидна екипа во ПО за БПС Струга - изречена му е мерка– “парична казна“ (употребил и бил под дејство на алкохол за време на работа);

Б.Х. полицаец за патрола и интервенции во Одделение за општи патроли-Исток, изречена му е мерка– “парична казна“ (поради кршење на работната дисциплина  на начин што постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството и непристојно се однесувал кон странка);

Ф.С. дежурен полицаец во ПО Ростуше, ПС ОН Гостивар, изречена му е мерка– “парична казна“  (спиел на работно место);

О.Б. полицаец за превенција во ПО Ростуше, ПС ОН Гостивар, изречена му е мерка– “парична казна“  (спиел на работно место);

А.Р. полицаец за патрола и интервенција во ПО Попова Шапка, изречена му е мерка– “парична казна“  (самоволно отстапил од место за служба);

М.Б. полицаец  во ПК Делогожда, Одделение за полиција, изречена му е мерка– “парична казна“ (самоволно отстапил од место за служба);

Т.А. полицаец за БПС Струга, ПС ОН Струга, изречена му е мерка– “парична казна“ (не превзел потребни мерки);

Ф.Р. полицаец во ПС ГН Попова Шапка, изречена му е мерка– “парична казна“ (отстапил од место за работа и ја оставил опремата необезбедена);

Б.Д. полицаец во ПС од ОН Ѓорче Петров, изречена му е мерка– “запирање на постапката “ (го злоупотребил боледувањето);

З.Ј. водич за превенција на безбедносен реон во ПС од ОН Гази Баба, изречена му е мерка– “парична казна“ (не сместил лице во просторија за задржување);

И.С. полицаец во ПС од ОН Делчево, изречена му е мерка– “парична казна“ (не превзел мерки за утврдување на постоење на кривично дело);

Б.Т. инспектор за превенција во ПСОН-Валандово, изречена и е мерка– “писмено предупредување“ (не поднела Барање за согласност за вршење на дополнителна дејност);

З.С. полицаец во ПС за ГК-Богородица, изречена му е мерка– “запирање на постапката поради застареност “ (бил под дејство на алкохол за време на работа);

В.А. полицаец во ПС ОН Крива Паланка, изречена и е мерка– “парична казна“ (не изготвила службени белешки во врска со настан);

Ј.Д. полицаец во ПС ОН Крива Паланка, изречена му е мерка– “писмено предупредување“ (не изготвил службени белешки во врска со настан);

С.С. полицаец во ПС ОН Крива Паланка, изречена му е мерка– “парична казна“ (не изготвил службени белешки во врска со настан);

А.Ц. полицаец во ПС ОН Крива Паланка, изречена му е мерка– “парична казна“ (не ги информирал колегите за настан);

Г.С. полицаец во ПС ОН Крива Паланка, изречена му е мерка– “парична казна“ (не изготвил службени белешки во врска со настан);

С.Ј. Полицски службеник за прифат- сменоводител во ПС ОН Крива Паланка, изречена му е мерка– “парична казна“  (не презел мерки за да се евидентира настан);

30.03.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега