"Ви благодариме Македонци!" - Балканот во транс по победата на Вардар и Металург

Пласманот на Вардар и Металург во четврт финалето на Лигата на шампионите, е вест број еден како кај нас, така и во земјите од регионот. Веста за големиот успех на Македонија се појави во речиси сите спортски весници од нашето опкружување.

-Многу е убаво да се биде Македонец овие денови! Тие направија секој Балканец, или како на Западот би кажале „граѓаните од втор ред“, да се чувствуваат посебно, исполнето и гордо. Ракометарите на Вардар и Металург им покажаа на колегите од Хамбург и КИФ Колдинг, дека со парите не може да се купи баш се и дека тие не се најпаметните, најдобрите, најубавите...пишува порталот handball.me во текстот посветен на двата македонски клуба.

Во текстот се додава и дека "Вистинско уживање беше да се гледаат двата тима, кои доаѓаат од мала и сиромашна земја, да се пласираат помеѓу осумте најдобри екипи во Европа. Освен тоа што им одржавте лекција на Скандинавците и Германците, воедно им ја покажавте насоката на сите во регионот по која треба да се движат за да го направат она за што многумина сонуваат".

Браво за Вардар и Металург!

 

 

31.03.2014 - 09:46
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега