Елтон Џон ќе прави свадба со Дејвид Фурниш

Познатиот британски музичар Елтон Џон најави дека наскоро ќе прави свадба со долгогодишниот партнер Дејвид Фурниш откако Велика Британија ги легализираше истополовите бракови во саботата.

Џон за емисијата Today на американската телевизиска мрежа NBS, рекол дека свадбата ќе се одржи без многу врева, најверојатно во мај оваа година.

Двојката има две деца, а во 2005 година склопи граѓанско партнерство.

Законот за легализација на истополови бракови во Англија и Велс стапи на сила во сабота, а истополовите граѓански партнерства се легални во Велика Британија од 2005 година.

31.03.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега