Червар: Нашата шанса против Кил е во Скопје со помош на публиката

Тренерот на Металург Лино Червар вели дека Кил е фаворит на овој двомеч, но шансата на неговиот тим ја гледа на мечот во Скопје.

-На секој му е јасно со кого ќе имаме работа и кој е фаворит во овој дуел. Кил, заедно со Барселона, со години е на самиот врв во европскиот екипен ракомет, троен победник на Лигата на шампионите, екипа со безброј титули во сите можни натпреварувања. Сепак, за нас е голем предизвик да ги одмериме силите со еден таков противник, а нашата шанса ја гледам во натпреварот во Скопје, каде, повторно со помош на нашата публика, ќе се обидеме да направиме подвиг. Значи, нашата шанса е натпреварот во Скопје и ние посебно ќе се концентрираме на него, изјави Лино Червар за официјалната интернет страница на Металург.

01.04.2014 - 15:07
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега