Михајловиќ: Победничкиот дух во Интер го донесе Манчини

Стратегот на Сампдорија и екс фудбалер на Југословенскиот тим Синиша Михајловиќ посочи дека победничкиот тим на Интер се должи на упорната работа на Роберто Манчини. 

Синиша посочи дека Мурињо успеал да го подобри и надогради тимот освојувајќи дури 3 трофеи во 2010 година, период кога за тимот од Џузепе Меаца настапуваше и нашиот Горан Пандев.

„Минав четири одлични натпреварувачки кампањи во Интер, две како играч, две како помошник на тренерот Роберто Манчини“, вели Михаловиќ.

„Роберто донесе победнички менталитет во тимот, на фудбалери кои се уште чекаа титули со децении им даде самодоверба и создаде одлична атмосфера“, додава искусниот Србин.

„Мурињо го подобри составот, кој беше на повисоко ниво и ја освои Лигата на шампионите“, заклучи Михаловиќ за медиумите од Апенините.

Српскиот фудбалски стручњак во Интер дојде во 2004-та година од Лацио, како и Пандев, освои две шампионски титули, а работел како помошник на Манчини, пред да тргне во тренерските води.

02.04.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега