Барате работа? - Објавен оглас за 670 вработувања

Поради изведување на градежни работи на патните правци Миладиновци- Свети Николе- Штип и Кичево – Охрид, градежната компанија Гранит има потреба од над 670 работници.

Весниците Дневник и Вечер денеска го објавија огласот завкупно отворени 28 работни позиции, како градежен инженер, рударски инженер, раководител на градежна механизација, финансов извршител, минер, работник на каменолом, градежни работници...

За да можат да се вработат, кандидатите треба да исполнат одредени услови. Работата од огласените работни места ќе се одвива со полно работно време од понеделник до петок, од 07:30 до 15:30 часот. Молбите треба да се достават до ГД „Гранит“ АД Дирекција Скопје на ул. „Вељко Влахович“ бр. 8 или на и-мејл granitjobs@gmail.com.

Повеќе на Вечер и Дневник.

03.04.2014 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега