Лазаров: Македонија треба да биде горда на Вардар и Металург!

Македонскиот ракометен шампион Кире лазаров во интервју за порталот  „Balkan-handball“  зборуваше за големиот успех на Вардар и Металург.

-Не чека тешка работа. Рајн Ловен Некер е многу тежок противник, но драго ми е што ги извлековме. Тие се можеби и најтешкиот противник. Ги сакаме предизвиците и со задоволство ги прифаќаме. Не чекаат два меча со по мене најквалитетниот германски тим во овој момент. Македонија би требало да биде горда на двете екипи кои стигнаа до четвртфиналето. Капата долу за Лино Червар, кого Македонија не го користи доволно, во однос на капацитетот кој тој го има. Најзаслужен е за сите успеси на Металург и создавањето на младата генерација на македонски играчи од клубската академија, вели Лазаров.

Ракометарот упати и позитивни критики кон тренерот на Вардар.

Раул Гонзалез со кого работев во Сиудад Реал воведе некои нови работи. Познавајќи го не сум изненаден што Вардар помина. Три години работевме заедно и можам да кажам дека од него може многу тоа да се „украде„ односно да се научи. Очекувам барем еден македонски клуб во Келн, а за мечот Веспрем - ПСЖ, Унгарците се фаворити, но тоа не значи дека Французите се далеку од Фајнл фор, вели Лазаров за порталот.

03.04.2014 - 12:44
Фото: 
википедија.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега