ПСЖ без Ибрахимовиќ ќе му се спротивстави на Челзи

Еден од најдобрите напаѓачи во светот Златан Ибрахимовиќ поради повреда ќе паузира најмалку две седмици.

Ибрахимовиќ предвреме го заврши четвртфиналниот дуел со Челзи во кој екипата на ПСЖ славеше победа со 3:1, ќе паузира најмалку две седмици.

- Ибрахимовиќ се здоби со повреда. Тој ќе биде надвор од терените неколку седмици, изјави Насер Ал Кхелаифи претседателот на ПСЖ.

Ибрахимовиќ во 69-минута, се пожали на повреда во пределот на задната ложа на десната нога, а првичната информација вели дека станува збор за кинење на мускулот.

03.04.2014 - 18:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега