ДС бара заедничко иницирање прием на Македонија во НАТО

Демократскиот сојуз, по повод 50 години од формирањето на НАТО, преку соопштение ги повикува политичките партии, навладините организации и другите граѓански асоцијации, како и граѓаните, да иницираат прием на Република Македонија во НАТО, до генералниот секретар Андрес Фог Расмунсен, на Самитот што ќе се одржи на 4 и 5 септември годинава во Јужен Велс.

- На овој начин ќе ја искажеме нашата цврста определба и подготвеност  Македонија да биде дел од колективниот безбедносен систем. Република Македонија ги спроведе сите реформи во одбраната и другите области и активно партиципира во мировните мисии (Ирак, Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан), а од 2008 година ја очекува поканата за полноправно членство во НАТО, соопшти денеска Демократскиот сојуз.

04.04.2014 - 18:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега