ВИДЕО: Агенцијата Рејтинг ретерира - не објавивме анкета туку прогноза

Агенцијата Рејтинг ретерира по вчера објавените резултати дека Стево Пендаровски е во предност во претседателската трка пред актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов. Ѓорѓи Спасов од агенцијата Рејтинг во изјава за телевизијата 24 вести признава дека не станува збор за анкета туку за прогноза на резултати. 

Ваквиот став следи откако вчера, бројни политички аналитичари и познавачи на состојбите излегоа со јасен став дека прогнозите на „Рејтинг“ не се базираат врз основа на теренско истражување, туку станува збор за сопствена проценка направена со методологија која не е до крја разјаснета.
Уредникот во ТВ Сител, Марјан Николовски во колумната под наслов „Крајот на една Рејтинг агенција“ напиша дека според оваа анкета, излезноста во првиот круг на претседателските избори треба да биде над 83%.

„За сериозна Агенција ваквите податоци, кога ќе го види во анкетата што сама ги направила се аларм дека нешто не е во ред. И кога ќе даде соодветен одговор на овие прашања, ама направени врз издржана анализа, можеме да дебатираме.

Но, што всушнот направила Агенцијата Рејтинг? Еве што!. Прво податокот за репрезентативен примерок од 1560 испитаници е неточен, затоа што на секое јавување, на кое анкетарите добиле одговор нема да гласам, не знам, не сакам да одговорам, не ме интересира, тие не ги евидентирале во анкетата, туку ги заменувале со други. И се така додека не добиле одговор. Колку е тој реален примерок? Ич! Нула!. Колку повеќе имрповизирате со нови испитаници, толклу погрешен резултат добивате. Затоа што ако некој се изјаснил дека не е заинтересиран не можете да го избачите од репрезентативниот примерок и да внесете нов. Колку пати се сменети и резултатите додека не го добиете одговорот дека некој ќе гласа за Пендаровски? Одговор имаат анкетарите. Реалниот примерок можеби е и повеќе од 3500 или 5000 испитаници. Или со прост речник, “врти додека не ти каже некој дека ќе гласа за Стево!”“ - напиша Николовски

05.04.2014 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега